По 15 години „Бруно Гаудин архитектс“ го заврши реновирањето на Националната библиотека на Франција. Беше реновиран секој дел од овој национален архив, распространет на две локации: Ришело и Франсоа Митеран.
- По 15 години работа, ја вративме зградата која е многу трансформирана за да одговори на современите предизвици, да ѝ посака добредојде на јавноста отворајќи се за градот и овозможувајќи содржини и за помладите генерации - споделува Бруно Гаудин.
Најдраматичната трансформација се случи во текот на првата фаза на реновацијата, кога Овалната соба беше целосно обновена. Оваа читалница, лоцирана во Риешло, првично била дизајнирана кон крајот на 19 век. И покрај тоа што го задржа просторот, фирмата го подобри застареното осветлување и инсталира мултимедијални седишта за посетителите да уживаат во колекцијата.
Додека некои простории беа целосно реновирани, беа создадени и други делови, како градината Вивиен која е нов надворешен простор лоциран на она што некогаш бил заден дел од три соседни згради.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Takuji Shimmura/Atelier Bruno Gaudin Architectes