Астрономи забележале уникатна комета во облик на фиктивното летало „Милениумски сокол“ (Milennium falcon) од „Војна на ѕвездите“. Обожавателите наскоро ќе може да ја видат оваа комета без телескоп.
Кометата била забележана како свети на небото на 20 јули, а ќе биде најблиску до Сонцето следната година. Таа ќе помине на оддалеченост од 232 милиони километри од нашата планета, на 2 јуни 2024. Кометата ќе биде видлива со голо око, но експертите препорачуваат користење на помошни уреди како двоглед или телескоп за подобар поглед.
Астрономите забележале дека кометата е посветла од вообичаено во последните недели. Иако не се сигурни зошто, сметаат дека можеби има активен вулкан од мраз на површината кој прави да биде посветла на небото.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Pixabay