X
 29.10.2023 Култура

Се работи на ново продолжение на „Мама миа“

Потврдено е снимањето на третиот дел од филмот „Мама миа“ (Mamma Mia). Оваа вест ја откри англискиот комичар и ТВ-водител Алан Кар  во една радиоемисија, признавајќи дека продуцентот на франшизата му рекол дека ќе игра во продолжението.

- Имам ексклузивни вести, Џуди Крејмер ми кажа дека ќе глумам во филмот „Мама миа 3“ - вели тој во емисијата.

Водителката го прашала дали е сериозен и тој потврдил дека мисли на мјузиклот кој досега имаше два дела.

Не е познато дали во третиот филм ќе се вратат и ѕвездите Мерил Стрип, Пирс Броснан, Колин Фирт, Стилан Скарсгард, Џули Волтерс и Аманда Сајфред.


Извор: 24sedam
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура