X
 28.08.2018 Наука

Алцхајмеровата болест може да се предвиди со едноставен тест на очите

Алцхајмеровата болест, како и многу други форми на деменција, е несомнено една од најлошите болести што можат да се појават кај човек: постепено и полека ги ограбува луѓето од нивните сеќавања, една од најскапоцените работи за човекот.

Друг фрустрирачки аспект на оваа болест се фокусира околу откривање на нејзиното присуство, бидејќи во моментов не постои начин како да се открие. Докторите обично ги охрабруваат своите пациенти да направат тестови што го снимаат мозокот, како што се компјутерска томографија (СТ) или магнетна резонанца (MRI), па дури и тогаш целта ги намалува можностите кај другите форми на деменција.

алцхајмер
Фото: Matt Miller


Истражувачите на Медицинскиот факултет во Вашингтон на Универзитетот во Сент Луис развиле метод за откривање за кој се надеваат дека ќе промени многу работи во врска со Алцхајмеровата болест. Најдобро од сè, бидејќи вклучува очен испит, тој е далеку помалку инвазивен отколку некои од другите методи што се користат. Постапката што вклучува испитување на ретините се нарекува оптичка кохерентна томографска ангиографија.

Во истражувањето учествувале вкупно 30 учесници, со просечна возраст од 74.5 години. Истражувачите откриле дека микроваскуларните промени резултирале со поголема февална аваскуларна зона, знак на претклиничкa Aлцхајмерова болест. Исто така, областа на окото се испитува за знаци на српеста анемија или дури и дијабетес.

Раџендра С.Апте, доктор на науки и Пол А.Кибис, професор по офтамологија и визуелни науки и ко-истражувач во истражувањето, ги елаборирале наодите: - Кај пациентите со покачено ниво на амилоид, откривме значајно намалување во центарот на ретината.

-Сите ние имаме мала површина без крвни садови во центарот на нашата ретина одговорна за нашиот најпрецизен вид. Откривме дека оваа озна без крвни садови е значително зголемена кај луѓе со претклиничка Алцхајмерова болест - додава Кибис.

1
Фото:  Washington University School of Medicine in St. Louis


Трка со времето


Раното откривање прави голема разлика кај луѓето со Алцхајмерова болест.

-Оваа техника има голем потенцијал да стане алатка за скрининг што помага во одлуката за тоа дали е потребен поскап и поинванзивен тест за Алцхајмеровата болест пред појавата на клиничките симптоми. Нашата надеж е да ја искористиме оваа техника за да разбереме кој акумулира со абнормалните протеини во мозокот што може да доведат до развивање на Алцхајмеровата болест - вели Блис Е. Обрихим, доктор на науки и лекар од Одделот за офтамологија и визуелни науки.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука