X
 28.08.2020 Технологија

Американската морнарица набавува летачки дронови за едно лице

„Летачкиот автомобил“ од марката ЛИФТ би можел да биде новиот додаток на воздушната флота на американската морнарица, а минатата недела на претставниците од оваа гранка на вооружените сили на САД им беше претставен и функционален прототип.

Во Остин, во американската сојузна држава Тексас, претставниците на компанијата „ЛИФТ Еркрафт“ минатата недела на офицерите од американската морнарица им ги покажаа можностите на својот прототип на „летачки автомобил“, односно мултироторен дрон, кој може да понесе во воздух едно лице. Овој прототип се нарекува „Хекса“, а направен е така што може лесно да се контролира.

Фото: Bug

„Хекса“ има дури 18 независно контролирани електромотори со елиси, а во леталото може да се смести едно лице. Освен слетувањето на земја, „Хекса“ може да слета и на водена површина благодарение на вградените пловки. Компанијата „ЛИФТ Еркрафт“ повеќе од две години го развива овој прототип, а неодамна потпиша договор со морнарицата за соработка на еден проект чија цел е воведување на технологијата на летачки автомобили во оваа гранка на американските вооружени сили.

Електричните летала со можност за вертикално полетување и слетување треба да станат составен дел од американската воена и морнарска опрема. Минатонеделниот показен лет и пробните летови планирани за иднина се смислени за да ги намалат техничките ризици и да ја подготват програмата за ставање во погон до 2023 година.

Извор и насловна фотографија: Bug
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија