Веќе неколку дена САД се соочуваат со протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Градовите низ САД воведуваат полициски час, а државите ги активираат членовите на Националната гарда во обид да ги смират демонстрантите, но тие и понатаму изразуваат болка и гнев поради убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец.
И додека постојат многу прашања, на пример, што ќе се случи со полицајците вклучени во инцидентот со Џорџ Флојд, кои ќе останат неодговорени, едно е сигурно: барањето правда и крајот на полициската бруталност против Афроамериканците ја обединија целата земја.
Фото: Twitter | Facebook