X
 28.08.2021 Живот

Како изгледа песокот од плажа гледан под микроскоп?

Фотографот Оле Билфелд е познат по неговите длабоки зумирања на секојдневните предмети.

Секоја негова слика ги открива микроскопските детали за светот околу нас. Секогаш во потрага по нова перспектива во неговата фотографија, тој ја почна оваа серија фотографии откако експериментирал со неговиот стар микроскоп.

2

Фасциниран од малите суштества што живеат околу нас, тој одлучил да ги сподели неговите пронајдоци на интернет. На негово изненадување, милиони луѓе беа фасцинирани исто колку него.

Една од неговите најнови фотосерии се фотографии што го покажуваат песокот од плажите под микроскоп. Собран од плажа во Мајорка, Билфелд прикажува низа шарени фрагменти од корални остатоци и школки. Но, микроскопот покажува и како природните елементи на навидум чист песок на плажа се преполни со загадувачи.

2

pesok

- Дури и ако не го забележуваме нашето влијание врз животната средина во секојдневниот живот, сепак се случува масовно загадување. Иако ова е видливо само на микроскопско ниво, се обидувам да го споделам со мојата фотографија за да не ја уништиме оваа скриена убавина - вели фотографот.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот