X
 24.05.2016 Наука

Како да се справите со пасивно-агресивни луѓе?

Справувањето со луѓе кои покажуваат пасивно-агресивно однесување е еден од најпредизвикувачките аспекти на нашиот социјален живот. Еве што треба да знаете за оваа карактеристика и како можете да се справите со луѓето кои го изразуваат нивното непријателство на индиректен и двосмислен начин.
Интеракцијата со пасивно-агресивните луѓе е нешто што многу од нас добро го знаат. Како однесување, се манифестира на различни начини - некои се двосмислени и суптилни и тешко е да се препознаат. Едноставно кажано, пасивната агресивност е начин на изразување непријателство иако најчесто тоа е пригушено, навидум апатично и индиректно преку негативно однесување.

Иако повеќе не е признато од Американската психолошка асоцијација како официјално растројство на личноста, ова е нешто со кое се справуваме секојдневно - и како нешто што ни се случува, и како нешто што им го правиме на другите.

Пасивно-агресивното однесување за прв пат било документирано за време на Втората светска војна кога било користено за да се опишат војници кои не сакале да ги прифатат барањата на своите службеници. Овие војници ја искажувале нивната агресивност преку „пасивни мерки како што се муртење, тврдоглавост, неефикасност и пасивна опструкција“.

Во текот на следната деценија, оваа терминологија започна да се користи во воената медицинска литература, а потоа била предадена на американското психолошко општество.

Ова однесување најчесто одразува непријателство кое поединецот го чувствува но не се осудува да го искаже отворено. Често пати однесувањето е еден израз на незадоволство во кое пациентот не успеал да покаже задоволство. Иако долго време се дискутираше за тоа дали е или не е растројство на личност, сепак на крајот, после долга дебата, беше договорено дека не постојат доволно научни докази за да се подржи како нарушување.

Психолозите Кристофер Хопвуд и Ејдан Г.Ц.Рајт велат дека ре-класификацијата и фокусот на „негативни идеи“ направија доста за да ја поткопаат и потценат состојбата. Ваквиот вид на однесување е проблематично и досадно. Со тоа кажано, не може да се негира дека пасивно-агресивното однесување постои и претставува предизвик за сите нас во нашиот секојдневен живот. Иако се изразува на различен начин, обично вклучува не-вербална агресија која се манифестира како негативно однесување.

Како да се справите со пасивно-агресивни луѓе?


Статија од „New York Times“ нуди неколку примери од реалниот свет:

„45 годишна инструкторка во колеџ од Хаваи неодамна прекинала долга врска со човек за кој рекла дека е „прекрасен, верен слушател и исклучително чувствителна личност“.

Но, со текот на времето станало очигледно дека тој е пасивно-агресивен. Во една прилика, тој го дал нејзиното седиште во авионот, додека таа барала простор за да го чува багажот, велејќи ѝ дека мислел дека таа седнала на друго место. Во друга прилика, тој пристигнувал дома порано и го јадел целиот ручек кој вообичаено го јадат заедно, без никакво објаснување.

Како што се наведува во статијата, една од најпредизвикувачките работи за живеење/справување со пасивно-агресивна личност е тоа што личноста од другата страна се обидува да сфати што не е во ред.

Што прави една пасивно-агресивна личност?

Се повлекува - повлекува материјална поддршка, придонесот кон заедничките цели, повторно приоретизирање на алтернативните активности и цели.

Молчење
- несоодветни одговори со еден збор, невнимание, се прави себеси недостапен.

Критики - Озборување или критика која не ѝ се кажува на личноста, туку на сосема трета личност.

Сарказам, критика и иронични шеги -
Хумор кој е насочен кон одредено лице е форма на пасивно-агресивна комуникација.

Индиректно насилство - Покажува сила како што е уништување на имот, треснување врати, суровост кон животните во очите на друг.

Пасивно-агресивната личност може да биде откриена преку овие карактерни црти:

Пасивен отпор на исполнување рутински општествени и работни задачи
Постојани поплаки за тоа колку не се сфатени и ценети од страна на другите
Намуртени и аргументативни располженија
Чести и неразумни критики кон авторитетот
Изразување завист и незадоволство кон оние што се посреќни
Претерани или постојани поплаки за личната несреќа
Непријателски отпор

Пасивно-агресивните личности често се слични со патолошкиот нарцизам, вклучувајќи и изразување на претерано чувство на вредност кон самите себеси, недостаток на контролирање на импулсот, неспособност за емпатија и слично.

Причини и ризик фактори


Прецизните причини за пасивно-агресивно однесување не се познати, меѓутоа се претпоставува дека се поради животната средина и социјалните фактори. Што се однесува до ризичните фактори, пасивно-агресивното однесување се поврзува со зголемен ризик на депресија, анксиозност и злоупотреба на супстанции.

Невролошки, може да има нешто поврзано со амигдалата, делот од мозокот кој ги контролира процесите како откривање на емоционален стимул. Може да има и поврзаност со префорнталниот кортекс, делот од мозокот одговорен за контрола како и нашата способност да дејствуваме на општествено соодветни начини.

Справување со пасивно-агресивни луѓе


За да се справите со ваков вид на луѓе важно е да знаете зошто тие така се однесуваат. Ова се најчестите причини зошто луѓето го користат овој вид на однесување:

- Лутината е социјално неприфатлива
- Прекриеното непријателство е општествено прифатливо
- Пасивната агресија е полесна отколку самоувереноста и знак за незрелост
- Пасивната агресија лесно се рационализира
- Одмаздата е слатка
- Пасивно-агресивното однесување е удобно, и овозможува човек да не се расправа
- Пасивно-агресивното однесување може да биде моќно и да му дозволи на сторителот да ги искаже гневот и фрустрациите преку реакциите на нивната цел

Важно е да се идентификува пасивно-агресивното однесување кога ќе се случи. Ова не е секогаш лесно врз основа на самиот чин кој има за цел да биде индиректен. Работите кои треба да ги гледате и барате се избегнување на расправија и конфликт по секоја цена, како и постојаното жалење „никој не сака да знае како се чувствувам“ или „никој не сфаќа како се чувствувам“.


Важно е да сфатите дека нема да можете да ја промените личноста. Она што можете да го направите е да воспоставите нормативни параметри кои ќе се поврзат со вашата интеракција со нив. Вашите пријатели, колеги или членови на семејството со пасивно-агресивно однесување со текот на времето ќе научат дека најдобар начин за комуникација со вас е решавање на спорни прашања и избегнување на пасивно-агресивно однесување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука