X
 30.08.2022 Наука

Колку дрвја треба да засади секој човек на планетата за да го спречи глобалното затоплување?

Да замислиме дека едноставно можеме да го запреме глобалното затоплување со засадување многу дрвја.

Познато е дека обновувањето на вегетацијата е најефективниот начин за борба против климатските промени бидејќи огромното количество јаглероден диоксид, производ на модерниот начин на живот кој сега создава ефект на стаклена градина, би го користеле овие нови растенија за фотосинтеза.

Истражувачите од швајцарскиот истражувачки центар „Краутер Лаб“ се обиделе да ги пресметаат токму тие податоци. Пресметката не е едноставна и вклучува многу параметри, но тие дошле до бројката од 1,2 билион нови дрвја кои се доволни да го апсорбираат целиот вишок јаглероден диоксид (тоа е навистина голема бројка, 1.200.000.000.000).

Ова значи дека секој од околу 7,5 милијарди луѓе што живеат на Земјата треба да засади 160 дрвја.

Извор: National Geogprahic
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука