Емоционалната интелигенција не означува стремеж кон совршенство, поентата е во учењето и напредувањето. Дали некогаш сте дозволиле емоциите да ве наведат да направите нешто за што подоцна сте зажалиле? Или, пак, сте им дозволиле на чувствата да ве спречат да направите нешто што навистина сте сакале да направите?
Знаете што? Сите ние сме поминале низ тоа. И тоа не значи дека не сте емоционално интелигентни. Емоционалната интелигенција, накратко, е способност емоциите да работат за вас наместо против вас, а вклучува учење и примена.
Погледнете ги следните изјави и проверете дали ги опишуваат вашето однесување и навики:
1. Мислите на вашите чувства и на чувствата на другите
Емоционалната интелигенција почнува со некој вид рефлексија. Поставувате прашања од типот: „Зошто се чувствувам вака?“ и „Што е причината да кажам или направам такво нешто?“Ако се преиспитувате и гледате на емоционалните реакции како и на искуството на учењето, знаете како треба да се однесувате кон сопственото однесување и однесувањето на другите и знаете како треба да реагирате.
2. Ја сфаќате важноста на зборовите „те молам“ и „благодарам“
Секој ден ги гледате другите како одбиваат да ја изразат сопствената благодарност, како и да ги ценат другите во знак на почит. Културата како да изгуби цена. Но, тоа не влијае врз вас. Ја препознавате моќта на „малите“ зборови за да им го разубавите денот на другите, да ги зајакнете односите и да бидете подобрата верзија од себе – и затоа секогаш издвојувате неколку моменти да ја изразите вашата благодарност.
3. Правите пауза со цел да...
...Размислите пред што било да кажете или направите, особено ако чувствувате дека ве преплавуваат емоции. Ова е тешко да се спроведе на дело, но е прилично корисно затоа што ве спречува подоцна да се каете, а може и да ви ги спаси односите со другите.
4. Прашувате „зошто“
Наместо на луѓето да им лепите „етикети“, фокусирајте се на причините што стојат зад нивното однесување. На овој начин ја подобрувате емпатијата и ги гледате работите од перспектива на другите. Така можете да се идентификувате со другите.
5. Учите од критики
Никој не ужива во тоа кога ќе му се каже дека греши. Но вие знаете дека критиката е шанса да научите, дури и кога оној што ви ја упатува го прави тоа на нетактичен начин. Ако критиката е неоснована, тогаш таа ви дава увид во она што другите го мислат за вас.
6. Ги почитувате искреноста и особеноста
Кога постојано барате добро во другите и кога ќе им кажете што е она што го почитувате кај нив, тогаш вие мотивирате и инспирирате. Поради тоа, другите ќе посакуваат да бидат во ваше друштво и ќе сакаат пред вас да се покажуваат во добро светло.
7. Не сте „злопамтило“
Не сте наивни, но многу добро знаете дека кога ќе одбиете да простите е исто како кога ќе ви забијат нож во грб, па никогаш нема да можете да ги залечите раните. Затоа, простете и така ќе ви биде полесно да продолжите понатаму.
8. Ги анализирате своите силни страни, но и своите слабости
Кога ќе го идентификувате она што добро го правите, може да се охрабрите себеси во ситуации кога имате шанси да успеете. Но треба да знаете дека не можете да напредувате ако не работите и на своите слаби точки. Затоа, издвојувајте време за работи кои не можете да ги подобрите и константно треба да се стремите кон напредок.
9. Ги контролирате своите мисли
Постои една изрека: „Не можете да ја спречите птицата да ви слета во мислите. Но, можете да ја спречите да изгради гнездо“. Можеби не можете да контролирате иницијална,
емотивна реакција, но можете да контролирате што е следното што ќе го направите. Наместо да се концентрирате на чувства кои се деструктивни, може да се фокусирате на позитивни мисли.