X
 31.07.2016 Наука

Мистериозната светлина над Јута и Калифорнија

Долги ленти светлина се појавија на небото над Јута па се' до Калифорнија, зачудувајќи ги жителите кои добија неочекувано шоу во средата навечер.

 

светлина


Теориите поврзани со овој феномен не престануваат и денес, па голем број жители и сведоци на овој феномен ги интересира што беше овој феномен и дали станува збор за метеор, ракета или вонземјани.

Досега, корисниците на интернетот се согласија околу една теорија: горење на огромен дел на ѓубре од вселената. Сведоците ги споделија нивните фотографии и видеа на социјалните мрежи како и нивното воодушевување во врска со непознатата светлина.

Фотографот Иан Норман опишува што тој видел од падините на планините Сиера во Калифорнија. Тој го снимил видеото кое прикажува две светли ленти кои летаат низ хоризонтот.

И луѓето на западот биле сведоци на овој мистериозен настан.


Астрономот Џонатан МекДауел од Харвард-Смитсониан центарот за астрофизика го сподели неговото мислење: „Станува збор за втората фаза од првата Чанг Зенг 7 ракета која беше лансирана на 25 јуни“, пишува Џонатан.

Неговата теорија вели дека станува збор за ѓубре од новата генерација на кинески ракети. Кина ја лансира ракетата позната како Лонг Марч 7, минатиот месец за да достави прототип на вселенско летало во вселената. Програмерите на ракетата сметаат дека ракетата е еколошка и произведува помалку загадување од претходните модели.

Секако, интернетот е место каде хуморот не може да биде изоставен, па корисниците започнаа со своите хумористични претпоставки. Се појави и „Супермен“ на Твитер, па објави дека благодарение нему, никаков метеор не ја удри Земјата.

  Друг корисници покажа дека всушност станува збор за Пикачу кој стигнал на вселената.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука