„Нетфликс“ објави ранг-листа со најпопуларните оригинални серии и филмови според вкупниот број часови што луѓето ги потрошиле гледајќи ги само во првиот месец по премиерата. Секако, на листата има повеќе наслови кои имаат подолги епизоди или филмови кои траат подолго.
Еве како изгледа листата со најгледани серии според број на часови во првиот месец по прикажувањето.
1. „Бриџертон“ (Bridgerton), сезона 1 - 625 милиони часа
2. „Куќа од хартија“ (Money Heist), дел 4 - 619 милиони часа
3. „Почудни нешта 3“ (Stranger things 3) - 582 милиони часа
4. „Вештерот“ (The witcher), сезона 1 - 541 милион часа
5. „13 причини зошто“ (13 reasons why), сезона 2 - 496 милиони часа
6. „13 причини зошто“ (13 reasons why), сезона 1 - 476 милиони часа
7. „Ти“ (You), сезона 2 - 457 милиони часа
8. „Почудни нешта 2“ (Stranger things 2) - 427 милиони часа
9. „Куќа од хартија“ (Money heist), дел 3 - 426 милиони часа
10. „Џини и Џорџија“ (Ginny & Georgia), сезона 1 - 381 милион часа
Кога станува збор за филмовите, листата со најгледани според број на часови во првиот месец по премиерата изгледа вака:
1. „Кутијата за птици“ (Bird box) - 282 милиони часа
2. „Екстракција“ (Extraction) - 231 милиони часа
3. „Ирецот“ (The Irishman) - 215 милиони часа
4. „Штанд за бакнување 2“ (The kissing booth 2) - 209 милиони часа
5. „Шест метри под земја“ (6 underground) - 205 милиони часа
6. „Спенсер: Доверливо“ (Spenser confidential) - 197 милиони часа
7. „Енола Холмс“ (Enola Holmes) - 190 милиони часа
8. „Армија на мртвите“ (Army of the dead) - 187 милиони часа
9. „Старата гарда“ (The old guard) - 186 милиони часа
10. „Мистериозно убиство“ (Murder mystery) - 170 милиони часа
Извор:
Cnet
Фото: Pixabay