X
 28.09.2023 Наука

Што предвидува новиот американски амандман за споделување информации за НЛО?

Американскиот Сенат неодамна усвои амандман што треба да биде вклучен во Законот за авторизација на национална одбрана во 2024 година.

Познат како Закон за неидентификувани аномални феномени, законот наложува американските владини агенции кои поседуваат записи, примероци од вселенски летала или „биолошки“ материјали поврзани со необјаснети феномени, да ги предадат во рок од 300 дена. Тоа е многу значајна одлука на американскиот Сенат што би влијаела врз временската рамка за откривање на можното постоење на вонземјани пред пошироката јавност во иднина.

Во тој случај, американскиот претседател има задача да назначи деветчлен Одбор за прегледување кој е одговорен за детално испитување и јавно објавување. Од секоја владина агенција со таква евиденција се бара да достави и печатени и дигитални копии од податоците до одборот, кој потоа има 180 дена да ги истражи и дополнителни 14 дена да ги објави своите наоди.

Вреди да се напомене дека американскиот претседател има моќ да скрие одредени докази доколку тие претставуваат закана за националната безбедност на САД.

Законот ја воспоставува и надлежноста на федералната влада над која било неидентификувана технологија, додека приватни лица или ентитети можат да контролираат какви било биолошки докази поврзани со нечовечка интелигенција.

Целта на законот е да обезбеди кредибилитет во истрагата и евиденцијата на материјалите поврзани со неидентификувани појави.

Овој амандман беше претставен неколку дена пред Конгресот да одржи сослушување за НЛО, расветлувајќи ги тековните напори за откривање на мистериите околу необјаснетите феномени.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука