Веста објавена во 1912 година ги предвиде ефектите што фосилните горива ќе ги има на планетата.
Статијата била отпечатена во весниците во Нов Зеланд, „Тhe Rodney and Otamatea Times“, „Waitemata“ и „Kaiparа Gazette“, на 14 август 1912 година. Петнаесет години откако статијата беше објавена во светот, емисиите на јаглерод достигнале ниво од 1 милијарда тони годишно.
Статијата ги истакнала негативните ефекти од горењето на јаглен, како што е зголемена температура, што се должи на големите количини на јаглерод диоксид изгорени во атмосферата.
Како што објаснува „Quartz“, научникот Џозеф Фурие открил дека температурата на Земјата може да се регулира со атмосферата на Земјата во 1820 година. Четириесет години по неговата смрт, доказите биле потврдени од страна на Џон Тиндал, кој открил дека одредени гасови се замка: јаглерод диоксид и топлината. Сепак доказите на Тиндал биле неточни, затоа што тој се фокусирал на горењето на јагленот, а не на рударството.
Претходниот американски потпретседател Ал Горе постирал твит за откритието, тврдејќи дека за време на неговиот мандат, тој се обидувал да едуцира повеќе луѓе за климатските промени.
Потоа шведскиот научник Архениус ја развивал теоријата на Тиндал и продолжил да кажува дека согорувањето на фосилни горива може да доведе до глобално затоплување.
Нивото на јаглерод диоксид во светот се зголемува од година во година. Во светот во моментов се произведува, околу 40 милијарди тони јаглерод диоксид на ден. Веста вели дека во 1912 година светот ќе има 7 милијарди тони јаглерод диоксид, а сега се произведува 5 пати повеќе од претходниот дневен износ.
Веста можеби беше напишана пред еден век, но таа предвидела проблем на кој треба уште да се работи на негово решавање.
SaveSaveSaveSave