X
 02.03.2020 Технологија

Во Канада ќе се гради колеџ од дрво што ќе произведува нула емисии на јаглерод

Колеџот „Центенијал“, првиот јавен колеџ во Онтарио, во соработка со „Дијалог“, „Смоук архитекчр“ и „ЕлисДон“ ќе ја дизајнира и изгради првата високообразовна зграда од дрво што ќе произведува нула емисии на јаглерод.

Зградата треба да биде завршена во 2023 година, а ќе ги спои домородната и западната култура и во форма и во функција.

- Сакавме да го подигнеме нивото на идните проекти. Во „Центенијал“ одржливоста и инклузивноста ги гледаме како меѓусебно поврзани идеи, па сакавме зграда што ја демонстрира таа важна врска - вели Крег Стефансон, претседател и извршен директор на колеџот.

1

2

Фирмите што ќе работат на зградата го гледаат светот преку домородните и западните знаења. Нагласувајќи ја посветеноста на колеџот за вистината и помирувањето, изградбата вредна 105 милиони долари ќе ги претставува и одржливите вредности на институцијата.

- Проектот ќе биде јасна демонстрација за тоа како високообразовните институции можат да придонесат за намалување на штетата врз животната средина со елиминирање на емисиите на СО2. Дизајнот на зградата да произведува нула емисии на јаглерод и способноста да складира илјадници тони јаглерод во неговата дрвена струкутра ќе бидат важен преседан и во Канада и во целиот свет - вели Крег Еплгат, директор на „Дијалог“.

3

4

Користејќи производи од дрво за создавање градежни структури наместо челик и бетон, во согласност со одржливиот вид на колеџот, проектот ќе биде првиот објект од масовно дрво во Торонто. Зградата ќе нуди нови академски простори со флексибилни училници кои го поддржуваат активното учење и домородните начини на предавање. Проширувањето ќе вклучува нови лаборатории за Факултетот за инженерска технологија и применета наука и многубројни неформални простории за соработка и социјализација.

6

7

- Наративот на зградата е приказна за семето, растот, кулминацијата и рамнотежата, откривајќи ги седумте учења во кружен поглед на меѓусебно поврзаниот свет - вели Еладија Смоук од „Смоук архитекчр“.

згррада

Извор: Archdaily.com
Фото: DIALOG
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија