Дивите свињи се едни од најштетните видови на Земјата и се озлогласени поради оштетувањето на земјоделството и домородниот див свет.
Голема причина зошто се толку штетни е затоа што копаат почва како трактори што ораат. Ново неодамнешно истражување е прво во пресметувањето на глобалните обеми на тоа и влијанијата што ги има врз емисиите на јаглерод.
Резултатите се зачудувачки. Научниците откриле дека кумулативната област на земјата прекопана од страна на дивите свињи е голема колку површината на Тајван. Со тоа секоја година се испуштаат 4,9 милиони тони јаглероден диоксид - исто како еден милион автомобили. Најголемиот дел од овие емисии се во Океанија.
Огромен дел од јаглеродот на Земјата е зачуван во почвата, па ослободувањето на дури мал дел од тоа во атмосферата може да има огромно влијание врз климатските промени.
Дивите свињи се домородни во голем дел од Европа и од Азија, но денес тие живеат на секој континент освен на Антарктикот, со што се едни од најраспространетите инвазивни цицачи на планетата. Се проценува дека само во Австралија живеат три милиони диви свињи.
Се проценува дека секоја година во Австралија дивите свињи уништуваат плодови и пасишта во вредност од повеќе од 74 милиони долари, а штетата што ја нанесуваат во само 12 сојузни држави во САД се проценува на повеќе од 270 милиони долари.
Дивите свињи, исто така, се директна закана за 672 вида 'рбетници и растенија во 54 различни земји.
Извор:
Scientific American
Насловна фотографија: Unsplash