X
 11.10.2020 Живот

Со овие 12-минутни вежби за рефлексија може да бидете двојно попродуктивни и посреќни

Да го натерате лидерот кој напорно работи да паузира, да издиши и да рефлектира дури и неколку минути е исто како да се обидете да смирите дете што претходно јадело шеќер. Но, ако ги направите овие специфични вежби за рефлексија, можете да забележите зголемување на вашата продуктивност и вашата среќа.

Истражувањата велат дека две третини од луѓето проверуваат е-пошта штом ќе се разбудат. Тоа не изненадува со оглед на тоа што многумина од нас спијат со телефоните до креветот - но, ова е проблем. Што ако наместо да посегнеме по телефонот, посегнеме по утринското кафе, си ја расчистиме главата и правиме план со кој точно прецизираме што треба да постигнеме тој ден за да ни биде успешен?

Податоците покажуваат дека би биле многу посреќни и попродуктивни ако го направиме тој едноставен чекор за рефлектирање наместо да провериме е-пошта.

Само 47 отсто од луѓето што го почнуваат денот со проверување е-пошта велат дека често ја напуштаат работата чувствувајќи дека им бил успешен денот. И ако првото нешто што ќе го направите наутро е проверка на е-поштата, имате околу 82 отсто поголема веројатност залудно да го потрошите вашето време на работа.

Но, 68 отсто од луѓето што го почнуваат денот со развивање план, велат дека често ја напуштаат работата чувствувајќи дека денот им бил успешен. Тоа значи дека имате 45 отсто поголема веројатност да чувствувате дека денот ви бил успешен доколку утрото го почнете со размислување и планирање.

Паузирањето и рефлексијата даваат огромни резултати не е само почетокот на денот. Истражување од една компанија вели дека оние луѓе што имале 15-минутна пауза на крајот од денот за да размислат за наученото имале за 40 отсто повисоки резултати од оние што ја немале оваа пауза. Со други зборови, паузирањето и рефлексијата ги прави луѓето попаметни и поефикасни во работата.

Како можете да ги искористите овие лекции за да ја зголемите вашата продуктивност и вашата среќа? Постојат две вежби од по 12 минути, едната се прави на почетокот од денот, а другата на крајот.

idei
Фото: Freepik

Вежба за утринска рефлексија

Кога ќе се разбудите, пред да го земете телефонот и да почнете да прегледувате е-пошта, земете хартија и пенкало и поставете си го ова прашање: Кои се двете работи што треба да ги постигнам за да ми биде успешен денот?

Сигурно имате многу работи на листата што треба да ги реализирате, но сигурно една или две работи се многу поважни за успехот во кариерата и чувството дека сте исполнети.

Потоа, откако ќе запишете, поставете си го прашањето: Што може да ме спречи да ги остварам овие работи и како можам да ги надминам тие потенцијални пречки што ќе се појават? Добро е да имате план, но може да има пречки што ќе ви ги отежнат работите.

Проактивноста е една од карактеристиките што навистина ги одделува успешните од помалку успешните. Проактивноста е клучна одредница дали некој ќе се чувствува ангажиран и инспириран на работа.

Вежба за рефлексија на крајот од денот

Другата вежба за рефлексија може да ја примените на крајот од денот. Издвојте 12 минути и размислете за она што сте го научиле. Повторно земете пенкало и хартија, запишете ги главните клучни лекции што сте ги научиле. Но, клучот на оваа вежба е да бидете специфични. Не можете да напишете нешто како: „Денес работев навистина напорно“. Мора да најдете специфична лекција од типот: „Секогаш кога почувствував дека нешто ми го одвлекува вниманието, поставував тајмер за 15 минути и се фокусирав во текот на тој период. Откако завршив, си давав 5 минути да проверам е-пошта и слично. Потоа повторно имав уште една сесија со тајмерот“.

Зошто треба да ги запишете вежбите за рефлексија?

Двете вежби за рефлексија треба да ги запишете поради психолошките процеси наречени шифрирање и ефект на генерирање.

Шифрирањето е биолошки процес со кој работите што ги перципираме патуваат до хипокампусот на нашиот мозок каде што се анализираат. Оттаму се донесуваат одлуки за тоа што се чува во нашата долгорочна меморија и, за возврат, што се отфрла. Пишувањето го подобрува тој процес на шифрирање. Со други зборови, она што го запишувате има многу поголеми шанси да биде запаметено. А невропсихолозите го идентификуваа „ефектот на генерирање“ што во основа вели дека луѓето имаат подобра меморија за материјалот што самите го генерирале отколку за материјалот што едвај го прочитале.

Дали вреди да посветите 12 минути од вашиот ден за драстично да ја подобрите вашата продуктивност? Само вие знаете, но според многуте проучувани лидери, оние што се подготвени да одвојат неколку минути за да бидат порефлексивни постигнуваат далеку подобри резултати од нивните колеги што се чувствуваа како да се премногу зафатени за да запрат и да размислат.

Извор: Forbes
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот