Различни ситуации можат да доведат до засрамување. Интервју за работа или пак при лични односи.Но, дали некогаш сте се запрашале дали срамењето ги намалува вашите шанси за успех во животот?
Ако сте склони кон засрамување, тогаш многу е веројатно и често да ги избегнувате околностите кои ви го предизвикуваат тоа чувство, па на тој начин се лишувате себеси од бројните шанси и можности. Срамот не би требало да биде пречка во исполнувањето на вашите соништа.
Постојат неколку начини со кои можете да го надминете тоа чувство. Она што треба да го направите е да ги „присвоите“ чекорите кои ги преземаат самоуверените индивидуи.
Бидете свои – Не се прилагодувајте на мнозинството, едноставно бидете автентични.
Бидете упорни – Не дозволувајте одбивањето да ве сруши. Повторно станете и обидувајте се.
Бидете самоуверени – Бидете силни и кренете ја главата.
Бидете хумористични – Смеата е секогаш најдобриот лек.
Бидете слободни – Посегнете по вашите соништа. Не го ограничувајте размислувањето.
Се разбира дека промените нема да пристигнат преку ноќ, но доколку сте упорни и постојано се обидувате, тогаш резултатите се неминовни.
Ова се неколку познати личности кои признале дека се интровертни и имаат недостиг на самодоверба:
- Фредерик Шопен
- Алберт Ајнштајн
- Абрахам Линколн
- Еленор Рузвелт
- Џ.К. Ролинг
- Др. Сус
- Марк Цукенберг
Овие познати лица не дозволиле ниската самодоверба да ги спречи во правењето она што најмногу го сакаат. Засрамувањето често знае да биде пречка, но со упорност и труд, таа
пречка може да биде надмината.