X
 28.10.2020 Образование

Најпознатото предавање за добро изразување достапно онлајн

Професорот Патрик Винстон од Технолошкиот институт во Масачусетс бил најпознат по своето предавање за доброто изразување.

Многумина имаат проблем со изразувањето, но тоа не е нивна вина, вели Винстон. Училиштата што ги испраќаат учениците во светот без способност за добро зборување и пишување се одговорни исто како офицерите што ги испраќаат војниците во битка без оружје.

Над 40 години Винстон се обидувал да ја поправи ситуацијата со неговото предавање „Како да зборувате“, кое се нудело на Технолошкиот институт во Масачусетс секој јануари. Предавањето било толку популарно што требало да се ограничи на првите 300 пријавени кандидати.

Сега предавањето е достапно на интернет, во видео и пишана форма. Видеото е направено во 2018 г. Професорот Винстон почина минатата година, но неговата мудрост се пренесува. Погледнете едно предавање во продолжение, а целиот курс е достапен овде.


Извор: openculture.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование