Една од најпопуларните телевизиски серии на сите времиња „
Игра на тронови“ ги „зарази“ и професорите од Харвард, кои одлучиле од оваа есен да воведат нов изборен предмет кој ќе се темели на оваа серија.
Предметот ќе се вика „Вистинската
Игра на тронови: Од модерните митови до средновековните модели“. Предметот ќе го држат Рача Киракосиан, асистентка на германски јазик и религија и Шон Гилсдорф, професор по средновековни студии.
„Кога им читам средновековни стихови на своите студенти, тие велат: ’О, па тоа е исто како во
Игра на тронови‘“, објаснува Киракосиан за инспирацијата за овој предмет кој ќе го споредува животот во фиктивниот Вестерос со средновековната реалност.
Но, дали навистина еповите се „како во
Игра на тронови“?
„Не, воопшто“, открива Киракосиан. „Но, зарем не е тоа нашата работа како професори да го искористиме тој интерес за да навлеземе во суштината што подлабоко?“