Астрономскиот центар Орион организира курс за ЦРНИ ДУПКИ. Предавањата ќе се одржат во 3 термини со почеток во четврток, 11 мај во 20:00 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје. Останатите термини се вторник, 16 мај и четврток, 18 мај исто така со почеток во 20:00 часот.
Подготвени се 8 предавања од области што ги допираат екстремните појави на црните дупки. Курсот е осмислен да биде од популарен карактер, што значи дека за негово следење не се потребни предзнаења. Темите и распоредот* за предавањата се следни:
►Четврток, 11 мај
1. Вовед, основни карактеристики и набљудувања (20:00 ч.)
2. Супермасивни црни дупки, квазари и активни галаксии (21:00 ч.)
►Вторник, 16 мај
3. Развој на ѕвезди - црни дупки со ѕвездена маса (20:00 ч.)
4. Развој на ѕвезди и извори на гама зраци (21:00 ч.)
►Четврток, 18 мај
5. Патување со брзини приближни на светлината (20:00 ч.)
6. Ефекти при пад во црна дупка (20:30 ч.)
7. Гравитациски бранови (21:00 ч.)
8. Хокингово зрачење; Холографски Универзум (21:30 ч.)
Сите предавања почнуваат од 20:00 ч. и траат до 21:50 заедно со паузата од 10 минути. После секое предавање ќе има прашања и кратка дискусија.
На крај од курсот ќе се доделат сертификати за учество.
Цената на курсот е 500 ден.
Предавањата тематски се директно поврзани меѓу себе и затоа нема одделни пакети за нивно следење. Цената е веќе со голем попуст од 50%, затоа ги нема вообичаените попусти за студенти и членови на астрономски друштва.
Пријавување не е потребно, само треба да дојдете 20 минути пред почетокот на првото предавање пред амфитеатарот каде се врши и уплатата.
За повеќе информации слободно пишете ни на контакт формуларот на овој сајт, на orion.mk@mail.com, јавете се на 075 421 012.
*Доколку има промени во распоредот, сите промени ќе бидат соодветно објавени.