Еден месец пред неговата смрт, актерот Алан Рикман го позајмил својот легендарен глас за својот последен проект, реклама за кампањата „Save the children“ и Советот за бегалци кој им помага на мигрантите.
Во рекламата има мала желка која јаде јагода. Во позадина, Рикман бара од гледачите да кликнат на видеото и да ги споделат бидејќи „You Tube“ ќе обезбеди повеќе пари од гледаноста за мигрантите.
Моментално, видеото има над 2 милиони и 300 илјади прегледи, од кои речиси 2 милиони се од последните неколку дена.
Алан Рикман беше најпознат по својата улога на професорот Снејп во франшизата „Хари Потер“. Тој почина изминатата недела на 69-годишна возраст. Тој боледувал од рак и починал во присуство на семејството и пријателите.