X
 20.12.2016 Живот

Како Северна Кореја гледа на остатокот од светот?

Извонредна студентка по англиски јазик од Пјонгјанг, која градот го напуштила за прв пат на 20-годишна возраст, патувала со француски фотограф низ Северна Кореја и објаснила каков бизарен поглед на свет има земјата.


Девојката позната само како Мик Ким одведена била надвор од градот за да може насамо да разговара со францускиот фотограф Ерик Лафоргуе кој ја посетил земјата по шести пат. Тој добил можност да помине некое време насамо со студентката, а нејзините одговори ги фотодокументирал.

Нејзините одговори го потврдуваат парализирачкиот надзор кој државата го спроведува над секој кој ќе влезе во земјата, но и нивната изолација од светот.Иако во текот на својот пат сретнала и просјаци, сепак открила како во Северна Кореја сите уживаат во еднакво богатство, но и дека искрено верува дека жените кои не се мажат никогаш не забременуваат.

Ерик ја советувал да се насмее, но таа го одбила и му рекла дека едноставно не може. Слушнала за Мајкл Џексон, но не и за Лејди Гага. Кога ја прашал зошто мисли дека американската и британската музика не допираат до Северна Кореја, таа одговорила дека таму никој не сака тоа да слуша, па ги преферираат Моцарт, Бах и Бетовен. Ги опишала и критериумите за убавина во земјата : „Жената мора да има големи очи, висок нос, мала уста, бела кожа и не би требало да биде слаба.“ Иако државата контролира дури и како жителите ја кратат косата, таа вели дека имаат многу избор и никој не се грижи за стилот, ниту пак сака да ја фарба косата.

 

Фотографот и покажал слика од Мики Маус, но на неа не и бил познат. Му рекла ; „Тоа е само глушец. Кинески е.“ Фотографот со себе носел и „iPad“, но и тоа не и било познато. И објаснил дека на тој уред проверува мејлови, слуша музика и гледа видеа, но таа не му поверувала. За водачите на земјата зборувала со гордост, одбивајќи да ги нарече по име, туку само како „најголемите“ или „големиот водач“. Ерик успеал да забележи и жена како јаде хамбургер со пластични ракавици, а кога ја прашал Мик Ким зошто тоа се случува, таа одговорила дека тоа го прават за да не се извалкаат кога јадат.


Мик Ким прв пат го напуштила градот во кој живее, но се покажало дека не е баш упатена во светот околу себе. Сепак, изразила желба да ја посети Англија, но не и САД бидејќи не ги сака Американците. Открила дека го гледала американскиот филм „Гладјатор“ и дека и се допаднал, но дека неколку сцени биле срамни. Нејзин омилен филм сепак е „Sea of blood“ кој говори за убивањето на Севернокорејците од страна на Јапонците.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот