Фотограф се наоѓал среде дивина кога му се приближил гепард кој сакал да биде погален.
Воодушевувачкиот момент беше споделен од фотографот Кејси Купер на неговиот профил на „Тик-ток“ со натпис: „Се обидов да направам неколку фотографии од гепард, но тој имаше поинаков план“.
Фото: Casey Cooper
- Бев изненаден од тоа колку беше нежен гепардот. Но, стануваше збор за гепард кој и претходно бил во друштво на луѓе. Сепак, станува збор за голема мачка чие однесување е непредвидливо - вели тој.
Купер вели дека според неговото искуство како фотограф на диви животни, гепардите се најслатките од сите големи мачки. Сепак, со нив треба да се биде внимателен.
Фото: Casey Cooper
- Не ги гледаат луѓето како плен, но можат да предизвикаат големи телесни повреди, па дури и смрт. На крајот на краиштата, станува збор за најбрзото копнено животно кое е прилично моќно - вели тој.
Извор:
Petapixel.com
Фото: Casey Cooper