X
 28.10.2021 Живот

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ отворен со „Бановиќ Страхиња“

Со проекција на филмот „Бановиќ Страхиња“ во режија на Стефан Арсенијевиќ и со доделување на наградите за особен придонес во филмската уметност, синоќа свечено беше отворен Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“.

Од Агенцијата за филм соопштија дека оваа шеста фестивалска едиција ги промовира вредностите на раните први и втори филмски остварувања на режисерите и сценаристите. Наградата за особен придонес во филмската уметност ја доби доајенот Мето Јовановски, која му ја врачи директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ.

Годинава е установена наградата која ќе го носи името на Љупчо Тодоровски-Упа, без кого овој фестивал веројатно немаше да се роди, рече директорот на Фестивалот на отворањето.

Лауреатот Мето Јовановски изрази благодарност до колегите за наградата и посочи дека според него, филмот, филмската уметност и фестивалите се мост кој духовно нѐ поврзува и се достоен репрезент на многубројни драмски творби преточени во креативен филмски живот.

Според режисерот Стефан Арсенијевиќ, во овие тешки времиња полни со предизвици имаме можност да погледнеме длабоко во себе и да се преиспитаме, а филмот го овозможува токму тоа.

- Голема чест ми е што сум овде вечерва, особено во овој контекст на не само македонски, туку и европски филмски имиња. Исто така, особено се радувам што повторно сме заедно, физички присутни овде, во киносалите. Тоа е многу важно и сакам да ѝ заблагодарам на „Киненова“ што успеа да организира фестивал со физичко присуство. Ова e шесто издание на фестивалот, но веќе стана звучно име во рамките на филмските фестивали во регионот - рече Арсенијевиќ.
„Киненова“ годинава постхумно ѝ ја додели наградата за особен придонес во филмската уметност на Сабина Ајрула Тозија, како и наградата за особен придонес во филмската уметност на Љупчо Тодоровски-Упа.

На свеченоста беше претставен и проектот „Инклузивна анимација“ создаден во соработка со продукцијата „Фокус Покус“ и Кинотека, поддржан од делегацијата ЕУ, на која младите работеа заеднички со деца со попреченост.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот