Досега, 2020 е најлошата година за вљубениците во патувањето и авантурите, но многумина од нас имаат големи очекувања за 2021 година. Да се надеваме дека наредната година, наместо да бидеме заглавени во четири ѕида, ќе можеме да патуваме, ќе имаме авантури и ќе истражуваме непознати места.
Ако сте оптимисти, веројатно сте испланирале патувања за периодот кога ќе биде безбедно повторно да се патува. Токму затоа, имаме одличен предлог за вас: место во
Исланд наречено „Скај лагун“.
Лоцирано во пристаништето Карснес, Коупавогир, близу главниот град Рејкјавик, „Скај лагун“ е сосема ново геотермално одморалиште што треба да се отвори пролетта 2021 година.
Новата лагуна ветува дека на гостите ќе им овозможи да се поврзат со умот, телото и духот преку силите на геотермалните води. Звучи прилично фасцинантно, нели? Освен тоа, местото ќе нуди и уникатен бар додека пливате и прекрасен ресторан за јадење.
Доколку погледот на океанот не е доволен за вас, погледот на зајдисонце, изгрејсонце и на поларната светлина ќе ви создаде магично искуство.
„Скај лагун“ ќе биде управувано од компанијата „Пурсјут“, која обезбедува инспиративни и незаборавни искуства на прекрасни дестинации.