X
 12.07.2022 Живот

Гала-концерт на четири италијански тенори за отворањето на Охридско лето

Со настап на четворицата италијански тенори Алесандро Косентино де Акриса, Федерико Сера, Џовани Марија Палмиа и Уго Тарквини, под диригентската палка на маестро Лоренцо Бицари од Италија, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет, вечерва ќе биде отворено 62. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во 36 концерти, девет театарски претстави и шест настани во дополнителната програма.

- Од 12 јули до 20 август, на отворените сцени Антички театар, Долни сарај, Центарот за култура, предворјето и во црквата „Света Софија“, ќе пречекаме над 1.000 уметници од 25 земји – Србија, Чешка, Либан, Италија, Словенија, Полска, Франција, Албанија, Аргентина, Турција, Израел, САД, Унгарија, Украина, Шпанија, Австрија, Црна Гора, Грција, Косово, Велика Британија, Германија, Азербејџан, Кина, Шведска, и секако, уметници од Република Северна Македонија - информира директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот