X
 28.10.2021 Забава

Проверете го знаењето со оваа задача

Решавањето математички задачи е добро за вежбање на мозокот. Во продолжение следува една математичка задача што е навидум едноставна. Можете ли да ја решите?

1+2+3+1
1+2+3+1
1+2+3+1 = ?

Многумина одговараат дека решението е 21, но тоа не е точниот одговор.


Трикот се крие во поставеноста на задачата, која е поделена во редови. Затоа, броевите на крајот од редот и почетокот на следниот ред всушност се еден број. Во овој случај, бројот 1 на крајот од првиот и почетокот на вториот ред и бројот 1 на крајот од вториот и почетокот на третиот ред се еден број - 11. Затоа, решението е 39.

Извор: DDL
Фото: YouTube/Prinstcreen
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава