X
 28.10.2023 Живот

Зошто не е добро да ги триете очите, особено кога ќе се разбудите?

Вака изгледа триењето на очите прикажано на магнетна резонанца (МРИ), пишува авторот на видеото кое се прошири на социјалните мрежи и изненади многумина.

Магнетната резонанса, всушност, открива како се движи очното јаболко во својата шуплина кога го триеме окото.

 

Експертите велат дека е најдобро да избегнувате да ги триете очите бидејќи може да ги оштетите ако го правите тоа многу силно и многу често.

Прекумерното триење на очите може да ја оштети рожницата, а може да доведе и до оштетување на видот и сериозна инфекција. Потребно е да се консултирате со лекар доколку се појави некој од следните симптоми: болка во очите, чувствителност на светлина, намален вид, заматен вид, црвенило.

Триењето на очите е поврзано и со кератоконус, состојба која се јавува кога рожницата постепено се испакнува нанадвор или добива зашилена форма.

Извор: N1info.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот