X
 13.01.2016 Технологија

Што се случува кога гледате во повеќе екрани?

Податоците покажуваат дека речиси 90% од Американците ги користат своите технолошки уреди најмалку два часа дневно. Сè поголем број од нас се „залепени“ до повеќе екрани истовремено. Ова остава последици, покажува ново истражување.


Во истражувањето учествувале над 10.000 возрасни, а во истото се открило дека 65% од испитаниците имаат проблеми со очите, како сушење, иритација, замаглен вид или главоболка поради екраните на нивните уреди. Испитаниците кои користеле само еден уред имале помалку проблеми отколку оние кои користеле повеќе екрани.

Проблемите со очите се најприсутни кај луѓето во дваесеттите години, кај кои најчесто се забележуваат симптомите - дури кај 73% од нив.

На проблемите со очите придонесуваат повеќе фактори, меѓу кои и близината на екранот. Луѓето најчесто држат мали уреди на мала оддалеченост од лицето, што го забрзува трепкањето и предизвикува сушење. Очите тогаш стануваат суви и иритирани, а видот може да биде замаглен.

Друг фактор е и сината светлина која ја емитираат дигиталните уреди. Оваа светлина докажано влијае на клетките во очите и може да ги оштети.

Истражувачите препорачуваат практикување на правилото „20-20-20“ - за секои 20 минути пред екранот, одморете ги очите 20 минути и гледајте на оддалеченост од 20 стапки.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија