X
 28.11.2015 Живот

Зошто нашите баби не знаеле што е тоа стрес?

Баба или прабаба, за кој како - отсекогаш изгледаат смирено, сталожено со нежен поглед во очите, никогаш не се пожалиле за ништо. Иако поголемиот дел од нас не биле сведоци кога тие најмногу работеле и најинтензивно живееле, сепак многу од вас мора да се согласат дека воопшто не го познавале овој стрес со кој ние денес живееме. Зошто?

1. Бомбардирање со информации - Нашите баби живееле во време кога имало само една програма на телевизија. Немало магазини со голи девојки, немало насилство ниту криминал. И да сакале, немале од каде да се информираат во секој момент за несреќите и ужасите низ светот.

2. Добро утро сосетке - Нивните извори за информации биле нивните сосетки, заедно со утринското кафе, коцкичка шеќер, благо и вода. Понекогаш и малку шлаг во кафето, а после гледање во шолјата. Комуницирале очи во очи, темите најчесто биле во врска со оние кои не дошле на кафе и опкружувањето. Да, и цените во продавниците, но биле заштитени од акции и намалување на лажните цени кои биле до вчера, такашто не се чувствувале како некој да им ги украл парите или како некој да ги измамил.

3. Не знаеле што немаат - Нив и малку им било доволно, не знаеле колку немаат, а поради тоа што индустријата низ светот била помалку развиена од оваа денес, не ни можеле да полудат поради изобилство. Со децении купувале исти чорапи, пиеле од истото кафе. Немало како денес цели полици со различни видови на бисквити, не морале после првото перење да шијат облека од познат бренд туку си имале сопствени кројачи, а и самите знаеле да си сошијат едноставни нешта.

4. Паѓале и знаеле да станат - Како што им било нив, така им било и на останатите. Преживувале доста работи, но преживеале. Од жалење не се добива ништо, знаеле дека не смеат да потклекнат пред катастрофите и дека мораат да го градат животот повторно. Народот во минатите векови така и преживувал, после сите војни се издигнувал од пепелта со поглед кон иднината и работата.

5. Едноставноста на постоењето
- Не биле учени, но немале проблем со тоа. Не знаеле дека можат да бидат повеќе од „обични“ домаќинки, знаеле да шијат, везат, плетат, штиркаат, самите меселе и декорирале торти, приготвувале зимница, си наоѓале работа по цел ден без да се нервираат и да размислуваат за смислата на животот. Живееле и растеле во природно опкружување кое го почитувале и знаеле да го искористат и не знаеле дека можат да „избегаат“ од тоа. Живееле во градот, но градот не бил толку нервозен и некултурен како денес, знаеле дека во автобусот некој ќе им отстапи место, дека нема да ги туркаат на улица ако се бавни и дека некој ќе им помогне ако им се слоши.

6. Верувале во тоа дека оној кој работи она што не смее ќе биде казнет; верувале дека кој работи не се плаши од глад и дека секому ќе му стигне неговата казна. Неважно колку од овие верувања навистина биле реални, но во нив верувале. Најлошо е кога човек ќе ја изгуби надежта и соништата.

7. Имале време
- Нивните наследници не заглавувале со часови во сообраќајот, работеле и редовно беа платени за тоа, не била пренатрупани со лоши вести. Имаа време за неделен ручек и попладневно кафе или чај со колаче, а внуците им зборувале за играњето пред куќа, без зјапање во мобилните телефони.

8. Не знаеле за зборот стрес - Добро или лошо расположени, оделе понатаму. Ние денес имаме милион „оправдувања“ за разните промени во нас и со нас и имаме поддршка за овие промени. Понекогаш со овие оправдувања и претеруваме, не одиме надвор кога е студено, продавницата и пазарот ни се далеку, немаме каде да паркираме. Тие не возеле автомобили ниту пак им било проблем да пешачат. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот