X
 28.11.2019 Забава

„Една љубов имам“ - нова песна од Ѓоко Танески

„Една љубов имам“ е новата песна на Ѓоко Танески. Снимен на неколку прекрасни локации во Охрид, спотот е прекрасен спој на музиката и на историските убавини на нашиот бисер. Танески е автор на текстот, а музиката и аранжманот се на Никола Мицевски. Спотот го сними Даниел Јовевски. Низ оваа песна Танески ќе го видите во едно сосема ново издание.

- Инспирацијата е од македонската изворна музика. Така спонтано дојде текстот, не е наменет за некого посебно. Музиката е на Никола Мицевски, тоа е неговиот стил и оваа наша соработка е на мое големо задоволство. Посмирена е, еден вид премин од поп во етно - вели Танески.

Сцени од спотот се снимани во објектот крај пристаништето (поранешната дирекција на „Охридско лето“), во градот, над црквата „Св. Јован Канео“. На гитара е Зоран Костадиновски, на кларинет – Благојче Трајковски, а на хармоника – Никола Мицевски.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава