X
 12.10.2015 Култура

Музички документарци кои морате да ги погледнете

Толку ја сакаме музиката што никогаш не ни е доволно и постојано ја слушаме. Сакаме да знаеме како таа настана и кои се луѓето позади нејзиното настанување. Музичките документарци ја хранат нашата љубов кон музиката. Ви нудиме некои од најдобрите музички документарци кои морате да ги погледнете.

 

музика


Searching for Sugar Man


 
Ако ве интересираат музичките документарци, тогаш овој дефинитивно сте го гледале. Ова е очигледен пример за одличен музички документарец за Сиксто Родригез кој е американско фолк музичар од Детроит кој често пати е споредуван со Боб Дилан. Никогаш не станал комерцијално успешен па се откажал од кариерата после два направени албуми. Она што не е познато е дека во Јужна Африка бил толкму многу популарен што таму продавал повеќе плочи од Елвис Присли. Неговата музика влијаела и врз другите музичари кои се ангажирале против Апартхејдот.

 

Филмот освои BAFTA награда за најдобар документарец, а две недели после тоа и Оскар.


Dave Chappelle’s Block Part

 


 
Дејв Шапел го направил истото што и Сајнфилд - му бил понуден договор од соништата, ситни 50 милиони, а тој одлучил да се повлече од телевизијата. Документарецот е плод на соработката на Шапел и францускиот режисер Мишел Гондри, кој инаку го режираше филмот „Eternal Sunshine of the Spotless Mind“.

 

Our Vinyl Weighs a Ton


 

Овој документарец има оценка од 100% на Rotten Tomatoes. Stones Throw стана интернационална продуцентска куќа за се`, од хип хоп до џез, фанк и психоделија. Ако нешто е издадено од оваа продуцентска куќа, тогаш сигурно е добро. Во филмот ќе ги видите Снуп Дог, Талиб Квели, Мајк Ди и голем број музичари кои јавноста не ги знае, а треба да ги знае.


A Band Called Death

 

Пред Sex Pistols и Ramones, постоеше бенд чие име беше Death. Во време на диско хитовите, никој не потпишувал договор со вакво име, а чијашто музика беше гласна. Никогаш не добиле можност и бендот се распаднал пред воопшто да започне со работата. Филмот на американскиот бокс офис заработи 0.1 милиони долари, но тоа воопшто не зборува за неговиот квалитет. Одлично темпиран документарец за првиот црнечки бенд, и првиот панк бенд.


Sound City

 

Познатиот Дејв Грол, поранешен член на Nirvana, одлучил да се проба во улога на режисер на документарец. Во долината на Сан Фернандо, помеѓу бројни складишта се наоѓа и Sound City, легендарно студио во кое снимале познати бендови како Metallica, Nirvana итн. Студиото било вистинска дупка, меѓутоа имало душа. Одличен документарец.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура