X
 11.06.2016 Технологија

Создаден првиот краток научно фантастичен филм од робот

Вештачката интелигенција брзо се развива и започнува да се здобива со способност да прави нешта како на пример да го порази човек во играта „Gо“, да опише слика со зборови за лица со нарушен вид, да открие сајбер-напади, па дури и да пишува романи и финансиски извештаи.

 

филм


Но, сега вештачката интелигенција започнува да пишува и сценарија. Таканаречениот робот Бенџамин го создаде својот прв научно фантастичен краток филм кој сега е достапен на „YouTube“. Бенџамин го напипал сценариото такашто ги учел сценаријата на научно фантастичните филмови од 80-тите и 90-тите.

„Sunspring“ е во режија на Оскар Шарп, а во него глуми Томас Мидлдич од Силиконската Долина, а направен е за 48 часовниот лондонски фестивал за научна фантастика.

Рос Гудвин е истражува од Универзитетот во Њујорк и токму овој научник го создал Бенџамин во период од една година. 9 минутниот филм кој го создаде Бенџамин воглавно е апсурден, а дијалозите помеѓу трите ликови немаат многу смисла и редоследот на настаните е малку збунувачки. Актерите често пати ги повторуваат фразите „Не знам“ и „Не сум сигурен“ што потсетуваат на сцените на неколку научно фантастични филмови во кои ликовите се обидуваат да ја разберат животната седина и како дошле до состојбата во која се наоѓаат. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија