X
 28.11.2022 Култура

Дали знаевте за оваа грешка во култната песна „Боље бити пијан него стар“?

Песната „Боље бити пијан него стар“ на „Плави оркестар“ ја знае цела поранешна Југославија, а многумина ги потсетува на љубовта од средношколските денови.

Бидејќи текстот се однесува на средношколските денови и средношколската љубов, многумина првото пијанство го доживеале токму со оваа песна.

И покрај тоа, во песната има една прилично лоша нелогичност, која пред неколку години ја призна и самиот Саша Лошиќ.

На почетокот на песната, Лошиќ пее: „Жао ми е што смо били само добри другови“ (Жал ми е што бевме само добри другари), додека во рефренот работата се менува, па пее: „Вино не зна да смо некад били сретни пар“ (Виното не знае дека некогаш бевме среќен пар).

Сепак, најголемата нелогичност е во самиот рефрен на песната бидејќи „Боље бити пијан него стар“ звучи како да станува збор за избор што ја исклучува другата можност, иако сосема е можно да се биде и пијан и стар.

Лошиќ пред неколку години призна дека песната ја напишал кога бил пијан и дека нелогичноста ја сфатил по 25 години.

- Се фатив себеси како размислувам. Пеам 25 години и никогаш немав анализирано ниту еден текст од песните. Тогаш почнав да копам по песните и видов дека половина од нив се сосема нелогични. Зборовите немаат врска едни со други, нема акција, нема логика. Но, на луѓето им е сеедно - коментира Лошиќ.



Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура