Авторот на песната Џејмс Лорд Пјерпонт ги советуваше младите да си набават брзи санки доколку сакаат да најдат девојка
Секој декември на радио, телевизија, од секој штанд и кафе бар го слушаме ритамот на познатата божиќна песна. Оригинал, обработка, се' е дозволено. Од друга страна оваа верзија на „Jingle Bells“ се држи до оригиналната верзија од 1857 година.
Кога Џејмс Лорд Пјепонт ја напишал песната „The One Horse Open Sleigh", таа само малку се разликувала од „Jingle Bells“ каква што ја знаеме денес. Така во оригиналната верзија Пјепонт напишал „oh what sport” и „oh what joy” наместо „oh what fun“ и „over the hills” наместо „over the fields”. Години подоцна песната стана популарна на светско ниво благодарение на Бинг Крозби и музичката група „Andrews Sisters“.
Првичната и денешната верзија најмногу
се разликуваат во рефренот и самата атмосфера на песната. Пјерпонт бил класичар и се држел до меланхолијата.
Доколку внимателно слушате, ќе откриете дека во оваа верзија последните стихови обично не се пеат во модерната верзија, а она што се порачува со нив е младите да си ја набават најбрзата санка и да тргнат во потрага на девојки.
Save