Програмата „Артемида“ на НАСА и првото лансирање на новата „SLS“ ракета приближно се совпаѓаат со 50-годишнината од последните мисии од програмата „Аполо“, кои ги испратија првите (и последните) луѓе на Месечината.
Токму за оваа пригода, НАСА објави фотографии на кои се споредуваат ракетите, капсулите и лансирањето од оваа година и оние од пред половина век.
Некогаш и сега: од „Аполо“ до „Артемида“
Лево: Команден и сервисен модул од мисијата „Аполо 10“.
Десно: Вселенска капсула „Орион“ од мисијата „Артемида-I“.
Лево: Првата фаза на ракетата „Сатурн V“ од мисијата „Аполо 11“, лансирана во 1969 година.
Десно: Централната сцена на ракетата „SLS“ од мисијата „Артемида-I“, лансирана минатиот месец
Лево: Ракетата „Сатурн V“
Десно: Ракетата „SLS“
Лево: Склопување на инструмент-модулот на ракетата за „Аполо 11“.
Десно: Адаптерот што ја поврзува капсулата „Орион“ со ракетата „SLS“.
Лево: 110 метри високиот „Сатурн V“ во подготовка за мисијата „Аполо 4“.
Десно: „SLS“ висок 98 метри пред лансирањето на мисијата „Артемида-I“
Лево: Ракета „Сатурн V“ пред лансирната рампа на „Аполо 14“.
Десно: „SLS“ се подготвува да го направи својот пат до лансирната рампа за „Артемида-I“.
Лево: Ноќно лансирање на „Аполо 17“
Десно: Ноќно лансирање на „Артемида-I“
Лево: Патничка капсула „Аполо 6“ по слетувањето во Тихиот Океан, 4 април 1968 година.
Десно: Капсулата од мисијата „Артемида I“ по враќањето во Тихиот Океан, 11 декември 2022 година.
Конечно, култната фотографија „Изгревање на Земјата“ на Бадник 1968 година. Овој Божиќ НАСА објави кратко видео создадено пред неколку недели, направено од капсулата „Орион“ од далечната страна на Месечината.
Фото: NASA