X
 29.01.2022 Живот

Бизарно нарушување што ги погодува дел од посетителите на Фиренца

Почнува со гадење во стомакот, грчеви, по што срцето почнува забрзано да чука, се тресат колената, а дланките се потат - вака го опишуваат Стендаловиот синдром оние што го доживеале, а ова необично нарушување им се случува исклучиво на посетителите на Фиренца, италијанскиот бисер во срцето на живописната Тоскана.

Секоја година погодува барем еден посетител, а го предизвикува преплавеноста од емоции кога ќе наиде на огромен број големи уметнички дела со кои се гордее овој град.

Оваа реакција има име и е препознаена како психијатриско нарушување: Стендалов синдром. Станува збор за психосоматска состојба која се јавува при изложеност на богато културно наследство што може да се види во Фиренца. Името го добило по француската писателка Мари-Анри Бејл, која пишувала под името Стендал.

- Бев во еден вид екстаза од самата идеја да бидам во Фиренца. Ме погоди жестоко чукање на срцето. Изворот на животот пресуши во мене, а јас чекорев со постојан страв да не паднам на земја - напиша таа во 1817 година по посетата на градот.

david
Статуата на Давид/Фото: Freepik

Синдромот официјално бил клинички опишан како психијатриско нарушување во 1989 година од Грациела Магерини, психијатар во болницата „Санта Марија Нуова“ во Фиренца. Таа проучувала 106 пациенти, туристи, кои имале вртоглавица, забрзано чукање на срцето, халуцинации и слабост при гледање скулптури и слики од великани како Микеланџело и Ботичели. Тоа се случува 10 до 20 пати годишно и ги погодува луѓето што и онака се почувствителни, како и оние што со нетрпение очекувале еден ден да ја посетат Тоскана. Сцените на луѓе што почнуваат да плачат пред големите дела се речиси вообичаени.

венера
Раѓањето на Венера/Фото: Wikipedia

Посебен поттик е „Раѓањето на Венера“ на Ботичели. Пред ова ремек-дело барем една личност доживеала епилептичен напад, а еден човек доживеал и срцев удар. Во овој случај, италијанските медиуми пишувале дека станува збор за Стендаловиот синдром, а целата ситуација ја претставија како нешто романтично. Но, лекарите предупредуваат дека не е така.

Згора на тоа, тие предупредуваат дека фасцинацијата со уметноста сама по себе не е нарушување, туку преплавеноста со чувства предизвикува реакции во телото за кои веќе тоа имало предиспозиции, како слабо срце. Тие забележуваат дека вакво нешто можеби се случува и на други места со многу уметнички дела, но никој сè уште не го поврзал, забележал и регистрирал како нарушување.

Извoр: Putnikofer.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот