X
 12.02.2017 Уметност

375 илјади уметнички слики достапни за јавноста на Интернет

Уметничките дела од минатото обезбедуваат инспирација, утврдуваат традиција кој се следи и проширува, а сега, во дигиталното доба, дури обезбедува и материјали со кои може да се работи. 


The Metropolitan Museum of Art“ не уверува дека треба чувствуваме слобода доколку сакаме да користиме, промениме и споделиме, некои од нивните 375 илјади дигитализирани уметнички дела во различни форми и од различни времиња, на кој било начин и да сакаме.

Во соработка со „Creative Commons“, ги објавуваат сите под името „no rights reserved“ лиценца, што ги сместува во категоријата на јавно достапни дела. Нова алатка за пребарување е развиена од „Creative Commons“, за истражување на преубавата колекција.


Можете да започнете со користење на овој линк. Да уживате во ремек делата на познатите сликари, да пронајдете многу дела за кои не сте знаеле и многу да научите, а можете и самите да креирате галерии и да ги споделувате на социјалните мрежи.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност