X
 07.09.2016 Уметност

Најпознатите знаменитости во светот од поинаков агол

Фотографот Оливер Куртис во сосема ново светло ги претставува најпознатите знаменитости во светот.

 

фото


Фото-сесијата насловена „Volte-face“ ќе биде прикажана овој месец, а фотографот фотографиите ги направил во период од четири години. Оваа серија успева да ја долови интензивната атмосфера на светските знаменитости без да ги фотографира истите.

Кертис објаснува дека идејата ја добил додека бил во посета на Големите пирамиди во Гиза.

„После шетањето наоколу, сфатив дека всушност се наоѓам во насоката од кадешто пристигнав, со пирамидата позади мене. Овој „визуелен сендвич“ имаше интересни контрастни бои, текстура и форма и беше интригантен не само поради фотографијата туку и поради чудната позиција во која се наоѓав - на најпознатите места во светот меѓутоа во „погрешна“ насока.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност