X
 29.01.2023 Спорт

Голфот наскоро ќе се препишува како лек

Не се чувствувате добро? Наскоро лекарите би можеле да ве советуваат да играте голф.

Овој спорт би можел да им биде препишуван на пациентите во Обединетото Кралство во рамките на пилот-програма за подобрување на здравјето во земјата. Медицинскиот факултет на Универзитетот на Сент Ендрус соработува со организаторите на институцијата за голф „Опен“ за нова иницијатива наречена „Голф за здравје“.

Иницијативата моментално се реализира на полуостровот Фајф, но наскоро би можела да биде проширена во целото Обединето Кралство.

Истражувањата покажале дека луѓето што играат голф живеат просечно пет години подолго отколку оние што не играат. Голфот може да помогне во спречувањето и третирањето хронични болести како дијабетес, срцеви заболувања, видови рак, депресија и деменција, меѓу другото.

- Оваа пилот-иницијатива е внимателно создадена за да овозможи запознавање со голфот со цел да се подобри долгорочното здравје и благосостојбата на пациентите во Фајф - објаснил Френк Саливан од Универзитетот на Сент Ендрус.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт