X
 26.01.2023 Живот

Бил Гејтс: Подобро ќе живеат оние што ќе се родат по 20-60 години, ќе лекуваме дебелина и рак

Еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, зборувал за периодот кој е најпогоден за раѓање и ги споредил условите за живот денес со оние од минатото. Тој изјавил дека е оптимист кога станува збор за иднината на човештвото и покрај многубројните предизвици со кои се соочува. Неговото мислење е дека планетата ќе биде подобро место за живеење за оние што ќе се родат во следните неколку децении.

- Сè уште сум оптимист дека е подобро да се родите по 20-40 години, по 60 години отколку кога било во минатото - изјавил тој на настан во Австралија.

Тој се согласува дека има многу обесхрабрувачки трендови, како несоодветната реакција на пандемијата, неисполнувањето на целите во борбата против климатските промени и поголемите политички поделби во САД. Меѓутоа, смета дека песимистите ја немаат целата слика. Тој посочил кон напредоците во медицината, нагласувајќи дека глобалната стапка на смртност кај децата помали од 5 години била преполовена во последните две децении.

- Бројот на иновации за подобрување на општата човечка состојба и понатаму ќе биде драматичен. Ќе лекуваме дебелина, рак, ќе ја искорениме детската парализа - нагласил тој.

Зборувал и за потенцијалите на зелената енергија, како и технолошките напредоци. Просечниот животен век значително се продолжил во последните три века.

- Без разлика дали сте биле крал или сиромав, сте биле подложни на висока смртност како новороденче и подоцна на ниско ниво на писменост. Значи, иновациите се феноменална приказна - заклучил тој.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот