X
 29.03.2017 Живот

Кое е највредното место во Македонија? Мапа од највредните места во светот

Пред да заминете на патување морате прво да направите план. Каде ќе одите, што ќе посетите, кои знаменитости ќе ги видите, за да не го пропуштите она што е од културна важност за земјата која ќе ја посетите.

„Vouchercloud“ составиле мапа која ги покажува најинтересните работи кои би требало да ги видите во секоја земја на светот.

Дестинациите се поделени во зависност од тоа дали се природни или културни споменици. Па така има 97 земји, со дури 76 природни атракции (кои се означени со розева боја на картата), 54 се историски атракции (означени со зелена боја), 29 земји со религиозни атракции (со крем боја) и 38 со таканаречени туристички атракции ( означени со виолетова боја).

Во САД се препорачува да се посети „Central Park“ во Њу Јорк, а во Кина се разбира, Кинескиот ѕид. Во Велика Британија задолжително се советува да се посети студиото „Хари Потер“, во Белгија познатата „Grand“ палата, а во Шпанија Бализиката „Саграда Фамилија“.

Италија е позната по Колосеумот, а Франција по музеите, додека Естонија, Летонија и Литванија се познати по старите делови од своите главни градови.

 Земјте на Балканот исто така се наоѓаат на листата. Во Словенија доминира езерото Блед, во Хрватска ѕидините од старите градови, во Црна Гора Которскиот залив, во Србија Калемегдан, Босна и Херцеговина галеријата 11/7/95, а во Македонија, се разбира се издвојува Охрид и Охридското езеро.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот