X
 29.03.2019 Живот

Автопат на кој можете да возите побрзо од ограничувањето и да не бидете казнети

Аутобан (Autobahn) е национален германски автопат долг околу 13.000 километри. Тој се смета за најбрз автопат на светот на кој го нема класичното ограничување на брзината.

Поточно, пред урбаните средини или на местата каде што се одвиваат градежнички работи има табли со ограничувања на брзината од 50 до 100 километри на час, но не е илегално да ги занемарите сè додека со своето возење не предизвикувате сообраќајна несреќа и не сте учесник во некоја.

Од друга страна, можете да добиете казна и до 375 евра ако возите преблиску до автомобилот пред вас, а забрането е и возење со автомобили кои не можат да достигнат брзина од 60 километри на час.

На рамните делници се препорачува возење со 130 километри на час, но Германците многу ретко се придржуваат до тие препораки. Тие сакаат да ја тестираат издржливоста на нивните лимени миленици и возат со дури 200 километри на час.

Ако се прашувате колку често се случуваат несреќи на овој автопат, одговорот е интересен - многу поретко отколку на градските и селските патишта. Статистиките дури покажале дека бројот на несреќи на германските автопатишта од 70-тите години до 2010 година се намалил за 80 отсто.

Причината за тоа е што Германците на автопатиштата ги пуштаат само најискусните возачи, но и бараат многу вештини зад воланот пред да им дадат возачка на младите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот