Почетокот на изградбата на автопатот, долг 2.000 километри, што преку Русија ќе ја поврзува Европа со Кина официјално доби зелено светло.
Автопатот „Меридијан“ ќе оди на запад од руската граница со Казахстан, создавајќи ја најкратката рута меѓу Европа и Кина.
Рускиот политичар Дмитриј Медведев ја одобри првата фаза од проектот, што ќе се финансира како дел од партнерството меѓу приватни инвеститори со државна поддршка. Проектот ќе чини 9,4 милијарди долари, а повеќе од 80 отсто од земјиштето за изградба на автопатот се веќе купени.
Изградбата веќе почна на рускиот крај од автопатот и се очекува да трае околу 12 до 14 години. На западниот крај автопатот со четири ленти ќе влезе во Белорусија близу Смоленск, на половина пат помеѓу Москва и Минск, додека на источниот крај ќе влезе во близина на Сагарчин на казахстанската граница.
Новиот пат ќе го подобри европскиот пристап до Западна Русија и Централна Азија со автомобил. Проектот е само еден од многуте со цел подобрување на инфраструктурата и поврзаноста во областа.
Во 2013 година кинескиот претседател Кси Џинпинг ја почна Иницијативата за појас и пат - глобална инфраструктурна политика со цел да изгради пристаништа, патишта и железници за да создаде нови трговски
коридори што ќе ја поврзат Кина со Азија, Африка и Европа.