X
 29.03.2019 Живот

Говорот на најмладата конгресменка во Америка е говор на жена што може да го промени светот

Александрија Окаизи-Кортез е единствениот глас на разумот во светот во кој се случува лудило. Тоа го потврди и со својот последен говор.

Пред две години Александрија, која има порториканско потекло, а пораснала во Бронкс, работела како келнерка во два њујоршки ресторани за да му помогне на нејзиното семејство, кое било во тешка финансиска ситуација. Една година подоцна таа станала водечки кандидат на Демократската партија за 14. округ на градот Њујорк.

Американскиот Сенат, предводен од републиканците, во вторникот гласаше против разгледување на нејзиниот демократски „Нов зелен договор“ -  амбициозен нацрт-план во САД да се укинат фосилните горива што влијаат врз менувањето на климата. Договорот е необврзувачки предлог САД да се пренасочат од нафтата, природниот гас и јагленот кон обновливи извори на енергија, вклучувајќи ги ветрот и сончевата енергија.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, договорот го нарече „радикален, изопачен, социјалистички пресврт на целата економија на САД“, истакнувајќи дека ова ќе резултира со губење милиони работни места и нагло зголемување на цената на горивата.

- Новиот зелен договор звучи одлично ако сте богати либерали од Њујорк и Калифорнија бидејќи вие можете да ги адаптирате вашите куќи или да изградите нови што имаат нула емисии на загадување, што се енергетски ефикасни, достапни и сигурни - ѝ порача републиканецот Шон Дафи, на што младата конгресменка му одговори:

- Ова не е елитистичко прашање, туку прашање за квалитетот на животот. Дали сакате да им кажете на луѓето дека нивната загриженост и желба за чист воздух и чиста вода се елитистички? Кажете им го тоа на децата од Јужен Бронкс кои имаат највисока стапка на астма во државата. Кажете им го тоа на семејствата во Флинт, кај чии деца расте нивото на олово во крвта. Нивните мозоци се уништени доживотно. Наречете ги нив елитисти. Луѓето умираат. Ако не се одлучиме да ја решиме оваа национална криза, тогаш не знам што правиме.

Внимателно слушнете го нејзиниот говор бидејќи секој збор е она што утре може да значи разлика помеѓу пропаста и спасувањето на планетата на која живееме.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот