X
 29.03.2020 Образование

Какво влијание има Ковид-19 врз образованието во целиот свет?

Речиси милијарда луѓе се во карантин по избувнувањето на коронавирусот. Се очекува пандемијата да предизвика огромни економски последици и катастрофално влијание врз образованието во целиот свет.

Според најновите бројки објавени од УНЕСКО, речиси 1,3 милијарда ученици од целиот свет не се во можност да одат на училиште или на факултет заклучно со 23 март.

Бројките на УНЕСКО се однесуваат на ученици запишани во градинка, основно, средно и факултет. 1.379.344.914 ученици или 80 отсто од учениците во светот сега не се во образовните институции.

Уште 284 милиони ученици се засегнати на некој начин од затворање на локално ниво, како што се мерките во Калифорнија и Вирџинија. 138 влади наредија затворање на сите училишта и универзитети во целата земја.

obrazovanie
Фото: Statista

Извор: Statista
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование