X
 15.05.2020 Образование

Студентите на УКИМ ќе избираат студентски правобранител

Универзитетското студентско собрание на УКИМ го објави конкурсот за избор на нов студентски правобранител.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

- Да бидат редовни студенти на еден од факултетите на Универзитетот;

- Да ги имаат положено сите испити заклучно со четврти семестар.


Во прилог со пријавата, кандидатите треба да достават скениран индекс како доказ дека се запишани на еден од факултетите на Универзитетот и дека ги имаат положено сите предмети заклучно со четвртти семестар, кратка биографија и мотивациско писмо.

Конкурсот е со времетраење од 15 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.

Согласно член 31 став 2 од Законот за високо образование, Сенатот на Универзитетот го избира студентскиот правобранител по предлог на Универзитетското студентско собрание. Откако ќе истече рокот за пријавување на кандидати за студентски правобранител, УСС-УКИМ на посебна седница за избор на студентски правобранител, ќе ги интервјуира сите кандидати и ќе донесе одлука кој од кандидатите ќе биде предложен до Сенатот.


Повеќе за конкурсот може да се прочита ТУКА.

Студентите на УКИМ веќе неколку години немаат студентски правобранител, бидејќи до пред неколку месеци немаше формално студентско организирање. Откако се избраа студентските претставници во УСС и новиот лидер, студентите почнаа да делуваат во рамки на Универзитетот.

Некои факултети сами избраа привремени студентски правобранители и ги плаќаа со донации.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование