X
 17.11.2021 Образование

Образованието е најмоќното оружје што ќе го промени светот - Денес е меѓународен ден на студентите

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на студентите како симбол на борбата за демократско образование и општество, како и сеќавање на 17 ноември 1939 година, кога нацистите погубиле 8 чехословачки студенти и еден професор, кои протестирале против окупацијата. Повеќе од 1.200 студенти тогаш биле одведени во концентрациони логори, а домовите и универзитетот биле затворени и според некои пишувања, биле претворени во касарни.

По повод Меѓународниот ден на студентите, во продолжение ви пренесуваме неколку цитати за образованието и студирањето, како поттик за студентите да се борат за знаење, образование и да бидат амбициозни.

- Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот - Нелсон Мандела.

- Најголемата надеж на секоја земја лежи во примерно школување на младите - Еразмо Ротердамски.

- Образованието, тоа е она што останува откако ќе заборавите сè што сте научиле во училиште - Алберт Ајнштајн.

- Образованието е златниот клуч до слободата - Џорџ Вашингтон Карвер.

- Надежите на образованите се посилни од богатствата на неуките - Демокрит.

- Инвестицијата во знаењето дава најдобри камати - Бенџамин Френклин.

- Гениј без образование е како сребро во рудник - Бенџамин Френклин.

- Нема полоши луѓе од оние што се спротивставуваат на просветата и образованието на народот. Таквите, да можат, и Сонцето би го изгаснале - Доситеј Обрадовиќ.

- Образованието е скапо, но незнаењето уште поскапо - Клаус Мосер.

- Никогаш ништо не сум научил со зборување, туку со поставување прашања - Лу Холц.

Извор: Edukacija
Насловна фотографија: Unsplash

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование