На почетокот на пандемијата, пред една година, во април и мај 2020 г. се одржа EUvsVirus хакатон, кој активира повеќе од 25.000 доброволци од целиот свет, од најразлични профили и професии, во мисијата за спасување животи - поточно генерирање решенија за медицинска опрема, онлајн-соработка и учење и др.
Поддржан од еврокомесарката Марија Габриел, а менаџиран од Исидро Лазо Балестерос и Европската комисија и група компетентни доброволци, се реализира хакатон, но веднаш потоа мачатон (matchathon), па во текот на годината вклученост на победничките проекти во ковид-платформата на Европскиот совет за иновации (European Innovation Council), за кон крајот на годината да се спроведе и лансирање (launchathon) со цел идеите и бизнисите навистина да стигнат до реализација и да спасуваат животи во пандемијата, на еден или на друг начин.
Во целата таа приказна, доц. д-р Рената Петревска Нечкоска од Економскиот факултет - Прилеп, единица на Универзитетот Св. Климент Охридски“ - Битола и постдокторанд на Универзитетот „Гент“ во Белгија, а воедно и долгогодишен експерт во Европската комисија, го водеше тимот за партнерите од академија и развој, кој, мора да се каже беше со ѕвезден успех, покажувајќи го вистинското лице на академијата - проактивна, ангажирана, методолошки поткрепена, апликативна.
Во рамките на EUvsVirus, a во соработка со проректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, професорката Петревска-Нечкоска ги постави на мапата на глобалната иницијатива своите два универзитети УКЛО и УГЕНТ, а некои колеги од УКЛО се најдоа во улога на членови на комисија (д-р Наташа Петрова-Поповски и проф. д-р Даниела Колтова-Нечоска), додека алумни од Western Balkans Alumni Association, УГЕНТ и УКЛО зедоа учество во хакатонот како натпреварувачи или волонтери.
Но, предизвикот од EUvsVirus беше иницијалната констелација за нешто уште поинтересно, на полето на отворена иновација и отворена колаборација. Имено, доц. д-р Рената Петревска-Нечкоска започна т.н. Academia Diffusion Experiment, т.е. експеримент за дифузија на академската работа во реални мисии и проблеми, при што повеќе од 40 соработници од целиот свет од различни универзитети, институции, компании, центри за трансфер на технологија и друго, цела година работат на создавање модел на феноменот EUvsVirus низ постојните теории, создавајќи нова. Примарната цел на експериментот е апликативно знаење за светот за тоа како се кокреира вредност заедно, како човештво. Меѓу коавторите се вбројуваат научници од врвните 1% во светот, како Marcel Bogers и Hila Lifschitz Asaf во светот на отворените иновации, етаблирани професори како Gordon Muller Seitz, Geert Poels, Paola De Bernardi, но и Isidro Laso Balesteros и одговорни во Европската комисија, како и многубројни директори на академски центри, мрежи на универзитети и сл.
Во текот на целиот експеримент, а за да може соодветно да го води и организира, доц. д-р Петревска-Нечкоска го имплементираше својот научен концепт на тактички менаџмент и методот Деница, кои се плод на двојниот докторат меѓу УКЛО и УГЕНТ од 2017 година. Но, во експериментот, а и за идната публикација, се создадоа услови и за специфична научна методологија и за уникатна кокреација на сите волонтери што зедоа учество.
Еден важен момент за својата успешност, експериментот постигна на крајот на месец мај, кога имаше прием во кабинетот на еврокомесарката за иновации, наука, култура, образование и млади Марија Габриел, каде што се дискутираа како моделот за дисруптивна соработка пред светски предизвици што е резултат на експериментот, така и специфичната стратегија, тактика и оперативен менаџмент спроведени во еден ваков експеримент. Специјалната група на глобални кокреатори, предводена од доц. д-р Рената Петревска-Нечкоска, се нарекоа ко-сонувачи (co-dreamers).
Уникатните поглавја кои се резултат од овој експеримент наскоро ќе бидат објавени во публикација. Во едицијата УКЛО ќе биде претставен од професорите од Економскиот факултет: доц. д-р Рената Петревска-Нечкоска, проф. д-р Ѓорѓи Манчески, во друштво со врвни академски имиња, како проф. д-р Геерт Поелс и во соработка со многубројните коавтори од врвен ранг, од светот од нашата држава и регионот.
Од доц. д-р Рената Петревска-Нечкоска, УКЛО &УГЕНТ
(Комерцијална објава)